Работни групи ќе го решаваат проблемот со ниската откупна цена на пролетната зелка.
Ова беше договорено на средбата помеѓу претставниците на производителите и министерот за земјоделство Љупчо Николовски Конкретните мерки и чекори ќе бидат договорени во наредните неколку дена,а во нивното креирање заедно со надлежните институции ќе учествуваат и земјоделците.
Министерот Николовски кој средбата ја оцени како конструктивна вети дека решение ќе се најде. Најави интензивни контроли на терен од страна на земјоделскиот инспекторат и санкции за сите кои прават манипулации и ги прекршуваат законските прописи.
Средбата помеѓу градинарите и министерот беше едно од барањата испорачано на протестот од пред два дена.
Во петокот земјоделци од повеќе струмички села незадоволни од ниската откупна цена на зелката со трактори и механизација го блокираа центарот на Струмица со барање за итна поддршка од државата.





