Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на телевизија Стар обелодени дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство, пренесе Плусинфо.
„Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство“ истакна Николоски.






