Николовски: Прашав 20-мина со бугарски пасоши, 19 ме направија „бугараш“

Новинарот на Сител Марјан Николовски направил мало истражување по изјавата на Софија дека повлекување на бугарското вето за Македонија било контра интересите на околу 80 илјади Македонци кои што според соседот имаат бугарски пасоши.



Најчитани

Утешение грешним: За политичкото судење на историјата на народот и нацијата! – Митко Б. Панов

Одговорите што ги добил новинарот не се во согласност со мислењето на Софија дека продолжување на Македонската евроинтеграција со кревањето на бугарската блокада ќе биде предавство за нив од Бугарија.

“Денеска прашав 20 пријатели што имаат бугарски пасош, дали ќе се чустват предадени, ако Софија махне ветото за Македонија….

19 ме направија мене бугараш, а еден ми рече… „абе ти си побудалел“…

Зборот ми беше… кој тоа ги заблудава пријателите отаде Осогово…

Истината е дека од тие 88,000, барем 70,000 дома го имаат знамето од Вергина… 🙂

Баш забавни ставуваат македонско-бугарските односи… :)”, пишува Николовски во врска со последниот аргумент што Софија го дава за да го оправда ветото за Македонија.

Најчитани

Зошто холандската амбасада молчи за наградата на вицепремиерот Николовски