Николовски: Поигрување со волјата на народот е ДУИ со 12 пратеници да го предлага Џафери како премиер! – Сака ли власта да ги украде изборите?!

„Партија со 12 пратеници да предлага премиер е поигрување со волјата на народот. Тој предлог е лош, затоа што Џафери беше избран како претседател на Собранието на 27. април така како што беше избран и го следат многу скандали, кршења закони и процедури.“порача синоќа потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владимир Николоски во дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21.



ТВ 21 пишува: Тој посочи дека се уште не одлучиле дали ќе учествуваат во техничката Влада. „Не сме одлучиле: има аргументи за, има и против. Суштината е да се заштити изборниот процес и во таа насока мора да размислиме. Последните сигнали не изгледаат добро. Извесно е дека сите очекуваат победа на ВМРО-ДПМНЕ. Извесно е дека оваа владеачка структура ќе оди во опозиција, затоа што со СДСМ и ДУИ не планираме соработка. Таква паника ги има фатено, што не фаќа сомнеж како ќе бидат спроведени изборите.“ – предупреди Николоски.

Според него, ДИК е во нецелосен состав, односно има четири члена од власта, и три од опозицијата. „Третиот член од опозицијата во меѓувреме стана власт, и ова место останува празно. Согласно законот, во многу јасно утврдени рокови, кои не се повеќе од еден месец требаше да се избере нов член на ДИК. До денеска е помината една година откако Алијанса е дел од владата, нов член нема, и сега власта го манипулира конкурсот. ДИК не е целосна и ова е само еден пример, што нас не тера сериозно да размислиме: дали власта сака да ги украде изборите? Можевме да го направиме Законот за влада имаше време. ДУИ официјално потврди дека се тие главни во Владата, а СДСМ е само подизведувач, приврзок“ – напомна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владимир Николоски.