Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал Љупчо Николовски денеска изјави дека не смеат да се остават 50 илјади семејства без покрив над глава откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша Указот за легализација на дивоградби.
Николовски вели дека Владата носи одлуки и реченија за проблеми кои се генерациски и оставени од претходните влади.
„Како што беше прашањето со името и многу други за кои влегуваме во нивно решавање и во овој поглед решенијата се или рушење на дивоградбите или соодветна правна законска рамка“, одговори вицепремиерот.
Според него СДСМ ги штити сиромашните и ранливите категории и во ниту еден случај нема да ги руши тие објекти.
- Претседателот Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, бидејќи законот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот и нема општествена оправданост.
- Со овој закон може да се легализира секаде, па и во национални паркови, освен на охридското крајбрежје, а не може да се легализираат згради.






