Николовски: Очекуваме сигурна победа на СДСМ

Првичните резултати коишто пристигнуваат до мене покажуваат огромно водство на СДСМ и коалицијата, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на вечерашната прес-конференција.



„Наскоро очекуваме да пристигнат првичните резултати од избирачките места. Очекуваме сиурна победа за СДСМ и чист мандат за коалицијата „Можеме“. Уште еднаш, оваа прлика ја користам за да им заблагодарам на граѓаните и на институциите затоа што целокупниот изборен процес помина во најдобар ред. Очекувам дека и другите политички субјекти ќе им честитаат на државните институции поради успешниопт изборен процес – рече Николовсаки.