Сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени, а актуелната власт е заинтересирана само за штетниот договор со Бехтел и Енка, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при теренската посета на општина Росоман во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.



„Автопатот од Охрид до Кичево не се гради, како што не се гради ни експресниот пат од Прилеп до Градско, единствено за што се заинтересирани од актуелната власт на ДУИ и СДСМ се штетните договори со „Бехтел и Енка“ каде што во моментот Македонија исплати 117 милиони евра на „Бехтел и Енка“, а 117 зрна песок не се ставени во градба на што било во државата“ рече Николовски при теренската посета на општина Росоман.

„Видовте две пародии, едната пародија беше кај Тетово каде што наводно почна да се гради тој дел од автопатот а не се гради ништо,

Втората пародија беше малку подолу од Прилеп каде што исто така почна да се гради овој дел од автопатот, но сите знаете дека не се гради ништо, така што тоа уште еднаш покажува за какво недомаќинско работење се работи од една страна и од друга страна за штетноста на овој договор“, нагласи Николоски.