На прашање на МИА дали во случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци на Драги Рашковски, станува збор за висока корупција и дали ќе се бара одговорност од Рашковски, вицепремиерот за спречување корупција, Љупчо Николовски, со непрецизен одговор:
„Институциите треба да си ја вршат работата во рамките на своите надлежности и тоа важи за секој случај за кој постои каков било сомнеж. Законите мора да се почитуваат и пред законот сите сме еднакви. Конкретно за овој случај, надлежните институции постапуваат, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори предистрага по допрен глас за набавката на софтверот и соопшти дека се издадени повеќе наредби за прибирање на потребната документација“.
Власта вели дека се’ е регуларно, но во петокот Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција изврши претрес во домот на сопственикот и во просториите на фирмата „Инвока груп“ која се поврзува со софтверот.
На распит во врска со „софтверот на Рапковски“ во ЈО биле повикани екс-техничкиот премиер на МВР Наќе Чулев и актуелниот Оливер Спасовски, но не и самиот Рашковски.
Пред извесно време, Николовски изјави дека нема да бара разрешување на поранешниот генерален секретар на Владата и актуелен секретар во кабинетот на премиерот, Драги Рашковски, за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци вреден 81 000 евра, кој не го користи ниедна институција, потсетува 360 степени.






