Македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Николовски ги повика грчките претпријатија од земјоделскиот сектор да дојдат и да инвестираат во Северна Македонија, истакнувајќи дека неговата земја работи во таа насока.
„Ние сме среќни со Преспанскиот договор. Граѓаните на Северна Македонија го поддржуваат договорот и ние сме во период кога има добри економски перспективи за двете земји. Ние исто така сме во период кога подготвуваме различни акции и настани за да може грчката делегација да дојде за состаноци, што ќе помогне за зајакнување на економската соработка “, додаде Николовски, во инревју за АНА-МПА.
Министерот Николовски, во интервјуто, вели дека треба да се фокусираме на иднината, а не на минатото.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Љупчо Николовски, рече дека е „дел од една генерација политичари во Северна Македонија која одлучи ги реши сите нерешени прашања со нашите соседи од изминатите 30 години“, пренесе АНА-МПА.





