„Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона. Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба“, напиша на Фејсбук генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски кој викендов правеше свадба.
Тој апелира јавноста и граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Венко Филипче.
„Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот, додаде Николовски. /МИА





