„Треба банките да сфатат дека тие живеат од граѓаните и од стопанството. Доколку во тие банки граѓаните не ги оставаат своите пари, банките нема да можат да ги даваат тие пари како кредити на граѓаните и стопанството“ изјави синоќа во гостување на “Заспиј ако можеш“ на Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
„Апелирам банките да не си ја сечат гранката на која седат. Огромни профити прават и тоа е добро. Оваа година и следната можат да го земат товарот.
Нивната одлука да не ги откажат каматите, односно само да пролонгираат отплата за три или шест месеци плаќање на ратите може сериозно да ја загрози економијата, зошто економската криза ќе трае далеку подолго од здравствената.
И мислам дека банките во Македонија треба да престанат да се богатат на грбот на граѓаните и сега да помогнат кога е критично, зошто помагајќи им на граѓаните и стопанството си помагаат себе си. Ако граѓаните колабираат, а стопанството затвори тогаш нема да можат да им плаќаат ни основица и камата. Мислам не го гледаат, а од Владата како да не сакаат да им кажат“, рече Николоски.






