
Членот на Извршниот комитет, доктор Игор Николов на денешната трибина насловена „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ која се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше и за состојбите во македонското здравство и за организацијата и за менаџментот на здравствените установи.
Николов посочи дека и покрај огромен број на вработени административни службеници во здравството и здравствените институции, работите требаше да одат сами од себе, а наспроти тоа пациентите се соочуваат со долги листи и планови на чекање.
„Реално, докторите чувствуваат дека на толку административни работници, работата треба само од себе да оди, а тоа за жал не е случај, за жал, листите за чекање се долги, плановите за чекање се долги и се се пролонгира“, рече Николов.






