Бугарскиот новинар, публицист, издавач и главен уредник на списанието Бугарија-Македонија  жестоко ги коментира реакциите во овдешната јавност околу условувањата од Софија за отпочнување преговори со ЕУ, меѓу нив иинсистирањето на заедничката (читај бугарска) историја и непризнавањето на македонскиот јазик.



Среде пандемијата на коронавирус која го погоди целиот свет, во Скопје започна нова кампања за заштита на македонскиот идентитет, јазик и историја. Причината е барањето на Бугарија во преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, да се почитува договорот меѓу двете држави од 1 август 2017 година, како и Договорот од Преспа со Грција.

Како одговор на оваа најнормална процедура, во Скопје избувна гејзер од жолчни напади со вокабулар од времето на Тито и Колишевски“, пишува Николов во редовната колумна на агенцијата БГНЕС

„За поголемиот дел од политичката, научната и новинарска врхушка покрај Вардар, европските принципи, традиции и вредности се важни само доколку можат да се искористат за да ја овековечат сопствената благосостојба и социјална удобност. Затоа е и  „патриотската“ врева крената гласно во многу медиуми, великодушно хранети со пари од блиски и далечни земји, го носи знакот на одамна дешифрираната специјалност на УДБА вели Николов и продолжува:

„Идеолошкиот коронавирус повеќе од седум децении живее во умовите, мислите и постапките на неколку генерации политичари крај Вардар. Тоа е сериозна, намерно заразена инфекција и секој обид да се излечи, наидува на жесток отпор на длабоко вкопаната државна врхушка без разлика дали е лева или десна.

Обидите на „десниот“ Љубчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ со потпишаната Декларација на 22 февруари 1999 година да донесе мал дел од светлината во односите со Бугарија, веднаш беа погребани од политичката гарнитура по него  во Скопје. Храброста на „левата“ СДСМ на Зоран Заев да потпише Договор за добрососедство со Бугарија на 1 август 2017 година, продолжува да биде трн во очите на целиот југоносталгична политичка легија во Скопје.
Постојат исклучоци и тие ќе множат , оценува Николов и продолжува.

„Среде целиот тој згуснат поток на пропагандно-идеолошки напади од времето на поранешна Југославија адресирани до Бугарија, поранешниот македонски министер за надворешни работи Денко Малески се појави со коментар во аналитичкиот портал Инбокс7. Коментарот носи наслов „Некогаш сме биде еден народ“.

Николов вели дека тој напис на Малески потврдува дека времињата се различни, дека на повидок е пробивање  на бетонираната матрица на југопропагандата“.

Целата колумна на Николов на следниот ЛИНК