Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права вели дека министерт за надворешни работи Бујар Османи на секој можен начин се обидува да ги избегне судските рочишта откако ММДЧП го тужеше за клевета.
Бујар Османи измисли дека има „итно“ патување во странство за да го избегне претходното рочиште од нашиот судски процес. Не наклевети дека ги браниме Македонците, па го тужевме! Следното рочиште ќе се одржи на 26 декември 2023, 10 часот,соба 8, Основен суд #Скопје, #МАКЕДОНИЈА! – пишува македонскиот активст за човекови права од Канада, Бил Николов.



