Лидерот на организацијата “Македонско меѓународно движење за човекови права” Бил Николов вели дека Македомците никому не дале право да им се менува основните атрибути на националниот идентитет.
Според него опозицијата можела да го спречи овој процес но не успеала да ја одбрани Макеоднија.
“Ние #Македонците не им дадовме право на политичарите во #Македонија да ни ги менуваат името, идентитетот и историјата. Не им дадовме право на #САД да ни ги местат изборите. “Опозицијата” можеше да го спречи ова – требаше да слуша и да ја брани Македонија – како што им реков”, пишува Николов на социјалната мрежа Твитер.





