Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов бара поддршка за враќање на името, процес за кој тој не прифаќа никакви изговори.
“Македонија некогаш имаше водачи – херои. Сега имаме предавници и неспособни политичари. Денес на #Илинден заедно ги славиме нашите херои и нашите корени. Придружете ми се во БАРАЊЕТО да си го вратиме името. Не прифаќаме изговори. МОЌТА Е ВО НАШИ РАЦЕ”, пишува Николов користејќи го вообичаениот хаштаг #НашетоИмеЕМакедонија.






