Николов најавува тужби за сите вмешани во промената на името, идентитетот и историјата

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов не се откажува од намерите да се бори со правни средства против сите учеснции во спроведениот инженеринг врз Македонија.



Покрај тужбите кои веќе ги поднесовме, разгледуваме нови можности да ги натераме на одговорност сите кои беа вмешани во принудното менување на името, идентитетот и историјата на #Македонија. Нема да дозволиме кршење на меѓународното право и конвенциите за човековите права. @MHRMI – напиша македонскиот активист од Канада на социјалните мрежи.