Николов: Македонските политичари одамна се откажаа од Македонците надвор од Република Македонија

Македонскиот активист од Канада и претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов гневен на плејадата македонски политичари која од независноста на Македонија, па се до денес, не само што не ги брани правата на Македнците во соседството, туку, се чини, работи активно против нив.



– Со независноста на Република Македонија во 1991, Македонците во другите делови на поделената #Македонија требаше конечно да добијат политичари кои ќе ги бранат нивните права. Но не, политичарите во МК или се откажаа од нив или работат да ги снема – по налог на #НАТО и #ЕУ – напиша Бил Николов на Твитер.