Првиот човек на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов е оптимист дека Македонците као и секогаш во историјата ќе победат во своите битки.
“Во секое село што сум го посетил во Егејска #Македонија, луѓето секогаш ќе не пречекаа и муабетеа со нас само на #македонски. Кој и да е угнетувачот, Македонците секогаш опстојале. Ќе опстоиме и под угнетувањето на #САД/#ЕУ и ЌЕ СИ ГО ВРАТИМЕ ИМЕТО”, пишува Николов кој традиционално го корсти хаштагот: #НашетоИмеЕМакедонија.
Николов кој живее во Канада вината за промената на името ја бара во партнерите на Македонија во НАТО и ЕУ.
Пред неколку дена беше објавено дека позитивниот став на Македонците за ЕУ се намалил на само 53 % што е историски најниско од осамостојувањето.
Во секое село што сум го посетил во Егејска #Македонија, луѓето секогаш ќе не пречекаа и муабетеа со нас само на #македонски. Кој и да е угнетувачот, Македонците секогаш опстојале. Ќе опстоиме и под угнетувањето на #САД/#ЕУ и ЌЕ СИ ГО ВРАТИМЕ ИМЕТО. #НашетоИмеЕМакедонија pic.twitter.com/1Qj5Ben0XL
— Bill Nicholov (@BillNicholov) July 22, 2021





