Николов: Излеговме масовно за фудбал, ајде сега да излеземе за името

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права Бил Николов со апел до Македонците на истиот начин како што ја прославија победата против Грузија да се обидат со протести да го вратат името.



“Македонците излегоа масовно да ја прослават фудбалската победа. Ајде да излеземе масовно да си го земеме името назад, и да ставиме крај на продажбата на нашиот идентитет и историја. #Македонија е македонска – да ја одбраниме!”, апелира Николов користејќи ги хаштазите
#МакедонијаЕМакедонска #НашетоИмеЕМакедонија