Николов: Четири зборови со кои запираат сите спорови за Македонија

Долгогодишниот македонски активист во Канада Бил Николов ја дава формулата како да запрат сите наметнати вештачки спорови што Македонија сд обидува да ги реши од 1991.



“Од независноста на #Македонија,некој постојано ни вели да ги „решиме споровите“ околу нашето име,идентитет,историја и јазик со нашите угнетувачи.

Зошто? Затоа што македонските политичари не сакаа да ги кажат ЧЕТИРИТЕ ЗБОРА кои ќе ставеа крај на „споровите“: НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА”, пишува Николов кој е претседател на Македонското меѓународно движење за човековите права (ММДЧП).