Николов би прогласил крај на “Преспанскиот” ако е кандидат за премиер

Лидерот на Македонското движење за човекови права Бил Николов вели дека ако е кандидат за иден шеф на македонската влада би ветил дека ќе го укине веднаш.



“Јас да бев кандидат за премиер на #Македонија, немаше да молам да бидам прифатен од нашите угнетувачи.Немаше да давам услови под кои би го бранел името или да велам дека тоа ќе биде тешко.Просто е. Би прогласил крај на илегалниот, наметнат #ПреспанскиДоговор”, пишува Николов користејќи го редовниот хаштаг #НашетоИмеЕМакедонија.