Николов: Ако не ја осудите Северна, не ја претставувате Македонија

Еден од највлијателните македонски активисти во дијаспората Бил Николов смета дека тие што не се противат на Северна а се залагаат за влез во северноатланската алијанса не можат да ги претставуваат Македонците.



“Било која #македонска организација која зборува за прием во #НАТО без да го осуди менувањето на името не може да каже дека ја претставува #Македонија. Така не води кон “#Северна Македонија”. Кога и да се сретнам со западни политичари, прво што им велам е дека #НашетоИмеЕМакедонија” пишува Николов кој е лидер на Македонското меѓународно движење за човекови права, во статус на Твитер.