Во синоќешното гостување на ТВ Сител потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека во тек се преговори со пратеници од владината коалиција за ново собраниското мнозинство.



„Тројца пратеници не’ делат од мнозинство за соборување на владата.

Не мислам дека е невозможно тоа да се случи, да почекаме“, рече Александар Николоски и додаде дека ова ново парламентарно мнозинство може да се реализира во контекст на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на законското решение за спроведување на пописот.

„Стојам на тоа што сум го кажал за соборување на оваа влада, а тоа е влада за национален спас, тоа не помина и сега треба да се оди на нејзино соборување зошто немаат капацитет за ништо. Најдобар доказ дека им виси мнозинството е тоа што не можат да соберат кворум за да одржат седница.

Еве веќе два месеци има интерпелација за Никола Димитров и не се става на дневен ред“, рече Николоски во гостувањето на ТВ Сител.