„Овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени и уставни измени нема да се случат. Во однос на процедурата, како што целиот процес се води незаконски и неуставно, така и овој таканарачен почеток на процедурата, којшто е целосно надвор од Уставот. Согласно нашиот Устав, многу е јасен начинот за промена на Уставот“, објаснува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски во интервју за Фокус во врска со инсистирањето на власта за промена на уставот со цел вметнување на Бугарите, на пшто инсистира Софија за да го тргне ветото за Македонија за отпочнување преговори со ЕУ.



„А, тоа е: прво се формира уставно мнозинство од двотретинско мнозинство во Собранието, коешто треба да изгласа потреба за уставни измени.

Потоа, се формира уставна комисија во рамки на Собранието, којашто утврдува предлог-текст.

Тој предлог текст се враќа назад во Собранието и се усвојува со 61 глас, па повторно оди во уставната комисија која е задолжена да спроведе јавна дебата.

Финалниот текст го враќа на финално усвојување во Собранието, за кое исто така е потребно двотретинско мнозинство“, вели Николоски според кој „ова вадење на процесот надвор од институциите покажува две работи: дека немаат уставно мнозинство и дека целиот процес се манипулира и нема чесна намера“.

На прашањето на Фокус колку се издржани изјавите на Артан Груби дека „во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои се за „европскиот фронт“ и би гласале за уставните измени“ Николоски со одговор:

„Ова е на класична основа на лажни вести. Артан Груби стана најлошиот елемент во оваа Влада и најкорумпираниот функционер кој го има власта. На пример, до денес нема одговорено како отвори втора државна Видеолотарија со приватен партнер и во Управниот одбор ги стави членовите на неговиот Кабинет. Единственото што продуцира се лажни вести.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден пратеник којшто е спремен под бугарски диктат да гласа за уставните измени“, вели Николоски.