Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ открива дека на планираната изградба на автопатите во земјава од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци.
„Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци“, вели Александар Николоски којј, како што вели за „Фокус“ ексклузивно открива:
„ За вашиот медиум ексклузивно ќе откријам уште еден сегмент. Се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни.
Согласно договорот, од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата…“ вели Николоски во интервјуто за „Фокус.
Николоски вели дека странските работници дополнуитерлно ќе бидат привилегирани:
„Уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија, треба да добие работна дозвола и дозвола за престој.
Само за работниците на автопатиштата на „Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза“.







