Николоски: Мене Вице Заев не ми е брат, на Зоран Заев му е брат

Нив ги боли што јас сум чист како солза и нека продолжат да вадат лажни вести за мене истакна Николоски.



Во однос на проблемот со Бугарија Николоски вели:

„Доколку компромисот е на штета на македонските национални интереси тогаш нема копромис, ако се оди на промена на македонската историја, подривање на темелите и основите на македонскиот јазик, нема да има компромис. Не е прифатлива реченицата на Борисов за Гоце Делчев дека бил бугарски револуционер и македонски војвода“ – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вечерашното издание на дебатната емисија “Само интервју” на Канал 5 телевизија.

„План Б е оваа влада да си оди оти ги потроши сите џокери, Македонија мора да има мудри политики, треба инфраструктура, треба сериозно да се разгледа иницијативата во ЕЕЗ, третата работа треба да се државата сериозно да се ангажира во борба против корупцијата. Никој во Брисел нема да не одбие ако тоа го завршиме сето ова и финало да се направи јасен концепт на повторен концепт на привлекување странски директни инвестиции и поддршка на домашниот сектор “, изјави Николоски.

„Мора да се лобира, да имаме силна лоби мрежа, паралелно промоција на македонските економски можности, како и на македонскиот туризам и производи. Проблем е Бугарија, но и многу европски земји мислат дека Македонија не е спремна. Да мислат дека Македонија е силна правна држава, каде не се издаваат пасоши на криминалци, тогаш ќе биде поинаку“- вели Николоски.

„СДСМ сака да прави лажни вести и пласираат лажни вести за мене. Јас бев шеф на мониторинг мисија во Азербејџан , таа мисија беше оценска мисија, само неколку дена да бидеме таму и има највисоки оцени од ЕУ која го цитираше нашиот извештај и успеа да ослободи политички затвореници и на крајот Советот на Европа направи истрага, во однос на сите дејствија со Аџербејџан и вели дека нема никакви сомнежи за нашата мисија“, рече Николоски.