Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва во гостување на Алфа ТВ рече дека Македонија одамна е држава на проценти, а не држава на граѓани, а дека со политички договор околу резултатите на пописот ќе се добијат нереални бројки.
„Има јасен политички договор за пописот, тој се гледа и е помеѓу СДСМ и ДУИ. За жал во Македонија пописот одамна не е статистичка операција туку е политичка операција, особено по Охридскиот рамковен договор, кога земјава стана држава на проценти, а не држава на граѓани кои што живеат, поделени во етнички групи, за жал не носи добро на Македонија, а процентите се знаат во некоја меѓу јавност и истите се лиферуваат“, вели Николоски.
Сопоред Николоски, нереалното покажување на проценти ќе предизвика последици во правата, како што се вработувања, распределба на финансии во одредени општини, каде едни добиваат повеќе, други помалку… (прес24)





