Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на Канал 5 ТВ рече дека располага со информации дека Грција е заинтересирана за купување на дел од македонската енергетска компанија МЕПСО, потег кој, според него, ќе направи Македонија да ја загуби енергетската независност.
„Чебрен“ ќе го градат Грци – ние ќе купуваме наша струја на берза
„Сакам да кажам вечерва нешто ексклузивно, едно специјализирано издание за енергетика во Грција се појави информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. И тоа на начин или преку зголемување на основачкиот капитал, или преку преземање на удели“, рече Николоски.
„Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин Македонија целосно да ја изгуби својата енергетска независност“, тврди Николоски.
„Сега што е проблемот, првиот проблем е што никој не води стратешки разговори дали на Македонија и одговара најголемиот производител на обновлива енергија во Македонија да е грчки капитал и дел од електропреносниот систем да е грчки капитал.
И кој се согласил во Македонија? Затоа што тоа мора да е консензуална одлука да МЕПСО се продава.
Затоа што на времето кога се продаде електродистрибуција или ЕСМ по старо, СДСМ ја продаде, а никој не даде согласност освен СДСМ. бројни држави на пример воопшто не ја продаваат дистрибуцијата“, рече Николоски.






