Ова го изјави пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неделното интервју на Радио слободна Европа, одговарајќи на прашање дали по сите обвинувања на адреса на функционери, тоа би можело да биде опција.
„После изборите една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има. Ова раководство на ДУИ за жал се криминализираше до максимален можен степен, скоро и да нема ден во којшто нема афера во којашто дел се претставници на ДУИ.
Тоа е однесување коешто никој не може го толерира и однесување кое што треба да биде истражено од органите, а не да биде дел од владина работа, затоа што ние излегуваме со наша програма и таа програма не можете да ја спроведете со луѓе коишто одат сабајле на работа и размислуваат како да злоупотребат нешто или да направат криминал“.
Николовски вели дека причина за сегашниот низок рејтинг на СДСМ е тоа што СДСМ не го реализираше своето ветување од 2016 година, кога тогашниот лидер на партија Зоран Заев рече дека нема да влезе во коалиција со „криминалците и бандите“…
Потпретседателот на СДСМ , во интервјуто гом повтори ставот дека „уставни измени“ нема да има и дека ВМРО-ДПМНЕ инсистира на заедничко одржување на претседателските и парлементтарните избори.







