Престижжната награда Роман на годината за 2018, која годинава се доделува по јубилеен 20-ти пат, вечерва ќе ѝ биде доделена на годинашнава добитничка, писателката Николина Андова-Шопова.
Наградата ја добива за нејзиното дело „Некој бил тука“, во издание на „Темплум“, по изборот во конкуренција од 36 дела.
Наградата, во последните 2 години ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“, откако беше основана и 18 години беше доделувана од „Утрински весник“.
Наградата на авторката ќе и биде доделена вечерва на свеченост во Културно-информативниот центар во Скопје која ќе започне во 19 часот.
Андова-Шопова за својата прва поетска книга „Влезот е од другата страна“ (2013) ја доби наградата „Мостови на Струга“. Освен поезија, таа пишува и раскази, песни и сликовници за деца.
„Некој бил тука“ е нејзин прв роман.






