Никола Димитров: Договорот за пријателство со Бугарија зборува за заедничка историја

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, за Радио Слободна Европа вели дека договорот за пријателство со соседна Бугарија зборува за заедничка историја што ги поврзува двата народа.



„Прифаќањето на минатото, но и на сегашноста, еден благороден процес што го почнавме со Бугарија, мора да се темели токму на ова право, како за хероите од минатото кои се од големо значење за двете страни, така и за денешните генерации.

Договорот зборува за заемно почитување и пријателство. Зборува за помош од страна на Софија на патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ“, вели вицепремиерот за РСЕ.

„Изјави што може да предизвикаат навреда или вознемиреност кај соседите не помагаат. Историјата ќе не’ памети според тоа како сме се однесувале кон иднината“, вели Димитров.