Никој нема да остане без дневница за штрајкот на СОНК во април

Постигнат договор за зголемување на платите на вработените во детските градинки за 15 отсто, а до крајот на мај ќе се донесе и нов колективен договор за работниците во секторот детска заштита информираа претседателот на СОНК, Јаким Неделков, и министерката за труд и соцвијална политика Јована Тренчевска на заедничка прес-конеференција.



Тренчевска дополни и дека ќе се направи итна корекција на актуелниот колективен договор со цел на вработените да им се исплати целосната априлска плата и покрај тоа што во овој период во оваа дејност се штрајкуваше.

„Измените и дополнувањето на колективниот договор во кој се регулираат приходите и придонесите за време на штрајк се испратени во Служебн весник. Деновиве ќе се објават и ќе се пристапи кон исплата на платите“, рече министерката.

Неделков со постигнувањето на овој договор го прогласи циклусот на штрајкување во образованието и детската заштита за затворен.

„Она што беше спорно за исплата на дневници, денеска со измена на колективниот договор го регулиравме и ова право што сметавме дека од разни причини се дескриминирани вработените“.

МТСТП имаше разбирање за тоа што гоп баравме, го усогласивме и овој дел. Сметаме дека овој процес на штрајк и преговори конечно е затворен, изјави синдикалниот лидер.