Веќе трет ден ни трага ни глас од трите деца кои избегаа во четвртокот напладне од Домот за деца со воспитно социјални проблеми 25 Мај.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека се запознаени со случајот, но се оградија дека не објавуваат ништо се додека полицијата не излезе со официјален извештај. И Од МВР, пак, велат дека истарагата е во тек, јавува ТВ Алфа..
Каде се во меѓувреме трите малолетни даца кои се на возраст од 11, 13 и 14 години, никој не знае.
Според Драган Змијанац од невладината „Меѓаши“ треба многу да се инвестира во кадарот кој работи во домовите за деца . Бегаат малолетни деца кои не се под ничиј надзор, а не се кривично одговорни.





