Флоријан Бибер, директор на Центарот за југоисточноевропски студии на Универзитетот во Грац, ги коментира резултатите од парламентарните избори во Бугарија, поврзувајќи ги со односот кон Македонија и нејзината европска интеграција.
„Имајќи ги предвид резултатите од изборите во Бугарија вечерва, дали можеме да кажеме дека никој од оние кои решија да ја блокираат Северна Македонија од преговорите со ЕУ, не профитираше од овој националистички евтин удар? Време е да се продолжи понатаму“, објави Бибер на Твитер.






