Скопје не ја контактирало Атина за евентуално продолжување на рокот на пасошите, а  грчки дипломатски извори брифираат дека за Грција е исклучително тешко да прифати дека во период од пет години не била можна замена на патните исправи, јавува дописничката на МИА од Атина.



Владините извори од Грција објаснуваат дека 12 февруари како краен датум за приспособување на документите, особено на патните исправи и регистарските таблици на автомобилите, е временски рок одреден пред пет години, а официјална Атина очекува целосна имплементација.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали постоела комуникација и барање од Македонија до Грција за евентуално продолжување на рокот, грчките дипломатски извори одговараат негативно.

Истите извори потенцираат дека Атина инсистира на доследно и строго почитување на Договорот од Преспа.