Не е само Бугарија таа која што го спори нашиот наратив, вели поранешната пратеничка Никица Корубин во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 на тема добрососедски односи.
„Имаме две комисии, и во Договорот со Бугарија и во Преспанскиот Договор за образовни историски прашања, значи не е само Бугарија таа која што го спори нашиот наратив.
Еднакво го спори и Грција меѓутоа ретко кој зборува и за членовите на Комисијата со Грција и што тие постигнале како договор, и како оди напредокот на преиспитувањето на тие наративи, но најголемиот проблем е што има апсолутна забрана, речиси на ниво на цензура, да се зборува за тој наратив кај нас и меѓу нас“, вели Корубин.






