Наспроти сите можни преземени мерки од Ракометна федерација на Македонија за избегнување непријатности на натпреварот со Грција во Струмица, публиката не можат да ја контролираат, па под сводовите на салата „Парк“ ечи „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Македонија, Македонија“.
На самиот почеток од квалификацискиот дуел за Европско првенство 2020, пак, беше исвиркана грчката химна.
На трибините се појави и голем транспарент „Македонија“ на кирилица, а, и покрај обидите на полицијата и на обезбедувањето во салата да им се одземе, неколку навивачи го развеаја и претходното државно знаме на Македонија со сонцето од Кутлеш.
На полувреме избраниците на селекторот Данило Брестовац водат со 13:11, иако цели 25 минути гостите беа во водство, кое во три наврата достигна и три гола разлика.




