„Никогаш не вели ‘никогаш’“: Џафери за тоа дали ДУИ би коалицирала со ВМРО-ДПМНЕ по изборите

Собранискиот спикер Талат Џафери не ја исклучува можноста за владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори.



„Хипотетички не може да се зборува во дефинитивна форма. Во политиката нема дефинитивна форма за последователни прашања, бидејќи тоа не е работа за која одлучуваат политичките субјекти. Последователните прашања по изборите се прашања за кои се разговара во партиските тела и тоа не зависи од конкретната позиција што мисли денес Талат Џафери како претседател на Собранието, бидејќи ние го немаме тоа овластување. За среќа или за жал, декларации не се даваат и менуваат секој ден, а во политиката тоа е основна работа која никогаш не се кажува во дефинитивна форма“, изјави Џафери во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.