Нијагара не ја пере Русковска, ќе мора да одговара со кого местела случаи, најава за нејзина одговорност

Нијагара не ја пере Рускоска, ќе мора да одговори наскоро со кого ги конструирала случаите за политичка пресметка на власта против патриотите и неистомислениците, реагира ВМРО-ДПМНЕ по вечерашното издание на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ.



,,Нијагара не ја пере Рускоска, ќе мора да одговори наскоро со кого ги конструирала случаите за политичка пресметка на власта против патриотите и неистомислениците.

Пензионерката Рускоска најдоброто на што може да се надева е само линеарното зголемување на пензиите после промената на власта, но граѓаните на Македонија може да се надеваат на расветлување и расчистување на сите политички процеси во кои учествуваше разрешената и понижена екс-обвинителка.

Таа со нејзината додворувачка навика кон секоја власт е пример за тоа што е најлошо во судско-обвинителскиот систем и една од главните причини поради кои граѓаните немаат доверба во институциите и сметаат дека државата е на дното во своето постоење.

Нејзиното место сепак не е во заборавот и залудно е потрошен јавниот простор посветен на нејзините празни правдања, бидејќи не се заборава она што го правеше и што го претставува, како што не се заборава и она што го правеше нејзината колешка Катица Јанева, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.