Глобалното непартиско движење „Ние сме Македонија“ од САД, кое во 2018 година ги кооординираше протестите на Македонците низ светот против промената на името, му дава поддршка на адвокатот Тони Менкиноски, кој доби прекршочна пријава за истакнувањето на 40-метарското македонско знаме со Сонцето од Кутлеш на Богојавление во Охрид.



„Години наназад ја поткреваме свеста на нашите сонародници, охрабрувајќи ги да го веат слободно нашето македонско национално знаме низ нашата кампања #МакедонскоЛето.

Овојпат, упатуваме повик до сите свесни Македонци, без страв и срам, да објават фотографии со нашето македонско национално знаме, во знак на поддршка за Тони Менкиноски, кому му беше дадена прекршочна пријава за поставување на знамето во Охрид на чествувањето на еден од најголемите празници за нас христијаните Богојавление – Водици.

Пратете ни ги вашите слики со сонцето од Кутлеш!!

#ПоддршкаЗаТониМенкиноски

#НиеСмеМакедонија

#МакедонскоНационалноЗнаме #Кутлеш

#НарушувамеЈавенРедИМирСоПатриотизам“, стои во објавата на Фејсбук на „Ние сме Македонија“, која застана во одбрана на застапникот на здрженијата на Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.