Глобалното движење „Ние сме Македонија“ им изрази поддршка на Македонците во Албанија во нивната намера подарените бугарски книги во Пустец да ги користат за потпала во зимските месеци, како што најави Македонското друштво „Илинден“ – Тирана.
„Ги поддржуваме нашите браќа и сестри МАКЕДОНЦИ во Албанија!“, порачаа од движењето со седиште во Вашингтон, од каде што пред неколку години ги координираше четириесетината протести на Македонците од пет континенти против Тиранската платформа и преименувањето на татковината Република Македонија.
„Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана се заблагодарува на сите досегашни и идни дарители за подарените бугарски книги, кои во овие зимски месеци ќе бидат добредојден материјал за потпалување на домашните печки во македонските куќи. Исто така, ја користиме оваа пригода за да ги потсетиме македонските владини и невладини претставници кои ги ‘посетуваат’ Македонците во Албанија да не парадираат пред нив, туку да преземат конкретни чекори за искоренување на бугарскиот крлеж од македонското ткиво во Албанија“, порачаа од здружението што се грижи за заштита на правата и за промоција на македонското малцинство во Албанија.






