Амбасадорот на Европска Унија, Самуел Жбогар се вклучи во проектот „Чисто, како дома исто“ за заштита на животната средина која ја промовира канцеларијата на ЕУ во Македонија.
Со бела маичка на која е испишано логото на акцијата, со заштитна маска на лицето и ракавици тој собираше ѓубре по кејот на Вардар, а во еден момент, дури и клекна на коленици за да го исчисти ѓубрето од една од отворените шахти, без грижа дека ќе ги извалка пантолоните, пренесува „Вечер“.
Минувачите биле одушевени од потегот на амбасадорот кој со личен пример покажа како треба да се однесуваме кон околината.
Некои, пак, коментираа дека „Ни Жбогар не може да исчисти толку колку што ние можеме да извалкаме„.





