На последната владина седница беше донесена одлука за да почне да се работи на проект за брз еколошки превоз во Скопје, или „автобуско метро“.
„Bus Rapid Transit“ значи изградба на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или хибриден погон (плин и електромотори), за што допрва ќе треба да се изработува документацијата, што може да потрае подолг период, дознава Обсервер.
Според дел од експертите овој начин на јавен превоз би бил и поевтин: Некои пресметки покажуваат дека воведувањето на брз автобуски систем би чинело од 7 до 20 милиони евра по километар, додека за изградбата на брз трамвај ќе бидат неопходни од 10 до 80 милиони евра по километар.
Само како потсетување, во Скопје досега имаше неколку обиди да се издвојат ленти од коловозот (со жолти линии, гумени препреки) по кои би се движеле автобусите од градскиот превоз, но не се покажаа како успешни.
Сега многумина го поставуваат и прашањето дали ќе може да се изведе „автобуско метро“ да вози низ Скопје имајќи предвид дека се потребни широки сообраќајници од кои ќе може да се одземат сообраќајни ленти.
За овој проект надлежните ќе бараат пари помош за проектот од Европската банка за обнова и развој за поддршка.





