„Ни срам, ни перде“: Реакции на цитирањето од Димитров на Конески дека јазикот е нашата татковина

Откако се воздржа од протестна нота за изјавата на својата колешка од Бугарија, Екатерина Захариева, според која македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со српски примеси, министерот за надворешни работи Никола Димитров го честита Денот на македонскиот јазик и предизвика лавина реакции.



Дел од реакциите под твитот на потписникот на Преспански договор:

„Ни срам, ни перде“;

„Ти си предавник и не си достоен да го цитираш Блаже Конески“;

„Ти си душманот на Македонија, една протестна нота до Бугарија да дадеше… СРАМ“;

„Да не треба нова стипендија? Дај не се зафркавај со нас, те молам, на државен имаме завршено факултет“;

„А фуснота? Грците ќе ни се лутат“;

„А бе жив бил овој. А за бугарскиот став да кажеш нешто?“;

„Која татковина? Бојко знае ли за твитов? Ќе те ‘кара’“;

„Бегај бе, шпион еден, не ни ја навредувај интелигенцијата“;

„$ е твоја татковина!“.