„Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Димитар Ковачевски, во чиј состав се Славјанка Петровска, министерка за одбрана, Беким Сали, министер за здравство Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, како и заменик министерот за правда Агим Нухиу, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Киро Глигоров и Борис Трајковски, во алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје“, пишува во објавата на официјалниот профил на Фејсбук на Владата премиерот Ковачевски.
Никаде не се спомнува Македонија, а името на нашата држава не е ни само „Република“ ниту пак „Република Димитар Ковачевски“, пренесе „Денешен“ според кој пропустот бил добронамерен со цел да се употреби компромисното име на државата…но без употреба на терминот „македонија“….







