На новинарско прашање дали знае каде завршиле парите кои биле уплатени на сметка на Меѓународниот сојуз, на Боки 13, Агапи Дика која денес даваше исказ во Обвинителството,  само кратко одговори – „не“.



Дика, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13 цели два часа даваше исказ случајот „Рекет“, а на излегување се обиде да ги избегне новинарите излегувајќи од задниот влез на обвинителството.

Таа со „не“’ одговори и на новинарско прашање дали знае дека Боки 13 работел незаконски.

Таа беше е повикана во Обвинителството бидејќи како претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз е еден од потписниците на дел од договорите што ги склучувал Меѓународниот сојуз.