Командант на морнарицата во последното украинско упориште „Азовстал“ во опколениот град Мариупол, во раните утрински часови преку видео порача дека на неговите луѓе можеби им остануваат само неколку часа.
Во видеото испратено до Би-Би-Си и другите медиуми, мајорот Серхи Волина рече дека неговите војници нема да се предадат, но тој замоли за меѓународна помош за 500-те ранети војници и стотици жени и деца за кои рече дека се кријат со нив во фабрика за челик во град.
„Ова е нашето последно обраќање до светот. Можеби ќе ни биде последно. Можно е да ни преостануваат само денови или часови“, рече мајорот Волина.
„Ги повикуваме светските лидери да ни помогнат“, додаде тој. „Ги повикуваме да организираат евакуација за да не однесат во трета земја.
Фабричкиот гигант „Азовстал“ со површина од четири квадратни милји – стана последната точка наукраинскиот отпор во Мариупол.






