Директорката на Скопска Комунална хигиена, Косана Мазнева, синоќа викнала полиција со цел да ги натера работниците кои штрајкуваат да го соберат сметот од  Скопје, објави ТВ 21.



Вработени трет ден одбиваат да работат и како што велат бојкотираат зашто директорката не им ги продолжила договорите на стотина за кои вели дека со години се неработници а дел од нив и воопшто не доаѓале со години на работа, ангажирани со договор преку партиски врски.

Вчера на прес таа порача дека нема да толерира партиски војници неработници и манипуланти и дека нема да им ги продолжи договорите на околу 200 од нив.

Дел од вработените се солидаризирале со тие на кои им престанале договорите и ги спречувале и другите работници од трета смена да излезат и да го соберат ѓубрето од цело Скопје кое два дена се гуши во смет.

ВИДЕО на следниоит ЛИНК