Ниту министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири не знае да објасни како граѓаните можат да направат налог и да се побара услуга од државните институции на веб страницата www.uslugi.gov.mk , јави Сител.
www.uslugi.gov.mk е веб страница на која граѓаните треба онлајн да бараат услуги од државните институции, односно документи во електронска форма.
Денешната прва прес-конференција на министерот Шаќири се одржа преку платформата Зум, но на Фејсбук страницата на МИОА се стримаше само неговиот говор, без новинарските прашања. Министерот зборуваше што ќе работи во следните четири години, но граѓаните не можеа да слушнат какви одговори тој даваше на нивните прашања.






